Бидејќи не можат ништо да ѝ направат на Русија, тие се изживуваат врз Србија, смета српскиот претседател
Коментирајќи го недоаѓањето на рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров во Белград откако Северна Македонија, Бугарија и Црна Гора не дозволија прелетување на неговиот авион, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вели дека не е изненаден, но и дека е незадоволен од целокупната атмосфера, како и оти таква хистерија кон Србија одамна нема видено.
„Не можете да разберете колку разговори имало во кои се бараше Србија да се откаже од гостопримството на рускиот министер за надворешни работи. Хистеријата која се виде покажа што всушност некои сакаат, бидејќи не можат ништо да ѝ направат на Русија, тие се изживуваат врз Србија“,
рече Вучиќ во Дневникот на РТС.
Во Србија, рече тој, во последните 24 часа пристигнале повеќе западни медиуми отколку кога било и тие, според него, само чекале да направат фотографија од нив двајцата за да ја нападнат неговата држава.
Тоа што Србија, вели Вучиќ, не сака да биде дел од глутницата е нешто што предизвикува главоболка.
Српскиот претседател зборуваше и за Самитот Отворен Балкан што треба да се одржи утре и задутре во Охрид, потврдувајќи дека ќе учествува на него. Отворен Балкан, според Вучиќ, донел значителни придобивки за сите три земји учеснички (Србија, Северна Македонија и Албанија) и порача дека тој е отворен за сите, но никого не сака да моли за да ѝ се придружи на оваа иницијатива.
*Поврзани вести:
- Северна Македонија, Бугарија и Црна Гора го затворија небото за авионот на Сергеј Лавров
- МНР: Барањето за прелет на авионот на Лавров е одбиено бидејќи постои општа владина одлука за забрана на летови за руски авиони
- Ако Лавров дојдеше во Белград, под прашање ќе беше одржувањето на Отворен Балкан во Охрид, вели Османи
- Вучиќ незадоволен поради причините што го спречија доаѓањето на Лавров во Белград
- Лавров за евентуален одговор на забраната за прелет на неговиот авион: Русија нема да направи ништо што може да ги наруши односите меѓу луѓето
- Рогозин на Твитер се заканува со нуклеарна ракета по одложувањето на посетата на Лавров на Србија