Вториот мандат Вучиќ го доби на изборите одржани на 3 април годинава кога за него гласаа 58,59 отсто од гласачите односно околу 2,2 милиони граѓани

Актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ, утре ќе положи заклетва во српскиот парламент по што и официјално ќе започне неговиот втор мандат на оваа функција.
Првиот му истекува утре откако претседателската функција ја презеде пред пет години, на 31 мај 2017 година.
По полагањето заклетва, претседателот ќе се обрати пред пратениците, а на седницата не е предвидена расправа.
Вториот мандат Вучиќ го доби на изборите одржани на 3 април годинава кога за него гласаа 58,59 отсто од гласачите односно околу 2,2 милиони граѓани.
Истиот ден се одржаа и парламентарни избори на кои победи Српската напредна странка (СНС) на Вучиќ освојувајќи 60,65 отсто од гласовите или 188 пратенички места од вкупно 250. Меѓутоа, новата влада сè уште не е формирана.