Донесуваме одлуки независно, но има луѓе со поданички менталитет и тие се воодушевени од одлуката на Твитер, изјави српскиот претседател, нагласувајќи дека списоците на медиуми што Твитер ги означи како владини се направени во Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Србија не била поканета да прими бегалци од Авганистан, туку да ја потпише декларацијата предложена од САД, што „ние рековме дека ја поддржуваме и потпишуваме во тишина. Како што пренесува РТВ, Вучиќ го изјави ова за ТВ Хепи, на прашањеда го коментира насловот во весникот „Данас“ дека Србија уште еднаш го ставила прстот во окото на Америка, бидејќи не одговорила на поканата да прими бегалци.
Тој посочи дека Србија не добила покана за прифаќање бегалци, но и дека не е потребно веднаш да се изјасни, туку откако е размислено и е разгледана ситуацијат е донесена одлука за декларацијата, а не како што додаде, кога тпа го бараат Ѓилас, Шолак или Американската амбасада.
„Донесуваме одлуки независно, но има луѓе кои имаат поданички менталитет и тие се воодушевени од одлуката на Твитер“,
истакна Вучиќ, нагласувајќи дека списоците на медиуми што Твитер ги означи како владини се направени во Србија.
Не дај Боже да се најдат на тие списоци, рече Вучиќ, оценувајќи дека тоа се двојни стандарди и лицемерие и дека политичките противници немаат идеи и идеали, туку само сакаат да се вратат на власт, да го ограбат народот и да ја уништат Србија.
Тој рече дека тоа исто така значи дека Србија треба да се срами и да се извинува повторно секој ден и оцени дека талибанците имаат попристоен речник од многу политичари во Србија.