По средба со Лавров, српскиот претседател изјави дека ниту едно решение за идниот однос на Србија со нејзината поранешна покраина не е можна без согласност на Москва
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ќе се откаже од зачленување во Европската Унија доколку Белград не добие отстапки за возврат за признавање на Косово и откажувањето од обидите да се запре влезот на новата држава во ОН, пренесува Ројтерс.
По состанокот со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Вучиќ рече дека ниту едно решение за идниот однос на Србија со нејзината поранешна покраина не е можна без согласност на Москва.
„Ако Србија не добие ништо за возварт, освен членството во ЕУ, за можната понуда да го признае Косово и неговото влегување во ОН, нашиот одговор би бил ‘не”’,
рече Вучиќ.
Србија, која е во преговори за влез во ЕУ, постави голем број предуслови за нормализирање на врските со Косово, вклучително и формирање заедница на српски општини и посебен статус за средновековните српски православни христијански цркви и манастири. Исто така, сака да ги регулира прашањата поврзани со енергијата и финансиите, пишува Ројтерс.
Косово, каде што Албанците сочинуваат 90 проценти од населението, прогласи независност од Белград во 2008 година, речиси една деценија откако НАТО ја бомбардираше Србија за да го запре протерувањето на Албанците од Косово.
Србија со сојузниците Русија и Кина го блокира членството на Косово во меѓународни организации, вклучително и Обединетите Нации.
Посетата на Лавров доаѓа три дена пред изборите во Србија и се смета како знак на поддршка на Вучиќ.