Српскиот претседател рече дека дека добил објаснување оти со гласањето на резолуцијата поднесена од ЕУ, Србија ги потврдила своите позиции за територијален интегритет, но, како што вели, не би ги негирале дури и да биле воздржани во гласањето
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија направила грешка со гласањето за резолуција поднесена од Европската Унија во Генералното собрание на Обединетите нации (OН), со која се потврдува поддршката за Украина и нејзиниот територијален интегритет. Според него, Србија требало да биде воздржана.

„Мислам дека Србија денеска згреши, за тоа им се извинувам на граѓаните и јас сам ја сносам вината за тоа“, изјави Вучиќ за српската телевизија Хепи.
Рече дека дека добил објаснување оти со гласањето на резолуцијата поднесена од ЕУ, Србија ги потврдила своите позиции за територијален интегритет, но, како што вели, не би ги негирале дури и да биле воздржани.
„Мислам дека не треба да се додворуваме на ниту една сила, ниту на Русите ниту на Американците“, рече Вучиќ.
Додаде дека Србија била воздржана кога станува збор за предлог-резолуцијата поднесена од САД и дека во овој случај гласала правилно. Рече дека Србија три години издржала во најтешката можна ситуација кога станува збор за санкциите против Русија, додавајќи дека позицијата на Србија нема да биде уништена со две-три резолуции.
Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), вчера, на третата годишнина од руско-украинската војна, ја усвои резолуција подготвена од Киев, чии спонзори беа земјите членки на ЕУ, со која се повикува на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и се осудува руската агресија на земјата.
Резолуцијата што ја поднесоа САД, а со која се повикува на ставање крај на војната, но без експлицитно да се спомене руската агресија, беше усвоена, но доби поддршка од помалку земји членки на светската организација.
Северна Македонија гласаше воздржано на предлог-резолуцијата поднесена од ЕУ, додека беше коспонзор на документот поднесен од САД,