Ние добро ја разбравме пораката и сите луѓе на власт мора да ја разберат пораката кога имаат толку многу луѓе кои ќе се соберат околу нив.И ќе треба да се промениме и ќе мора многу да научиме. Од друга страна, се надевам дека некои други ја разбраа пораката на мнозинската Србија – дека граѓаните на Србија не сакаат обоени револуции. Дека граѓаните на Србија не сакаат насилство. И дека граѓаните на Србија сакаат да ја сменат власта на избори, рече Вучиќ
На протестот одржан во центарот на Белград биле повредени вкупно 56 лица, но никој не претрпел повреди опасни по живот, соопшти српскиот претседател Александар Вучиќ. Тој кажа и дека 44 лица побарале лекарска помош во Ургентниот центар, 11 во Клиничката болница Ѕвездара и едно лице во Земун, но дека нема потешко повредени.
22 лица се приведени за сторени кривични дела против имотот и за напад врз полицајци и други луѓе за време на протестот. Проценките на војската се дека имало околу 88 илјади луѓе , додека полицијата преборила 107 илјади демонстранти.
„Горд сум на тоа што на студентските блокади, 99% од нив не сакаа инциденти. Не им мислам особено добро на оние кои ја нарушуваат уставно загарантираната слобода на движење. Не мислам ништо особено добро за сите нивни политички дејствија и за се, но задоволен сум затоа што сфатив дека овие млади луѓе, речиси сите, не сакаа да учествуваат во спроведувањето на мерките на насилство, сила или што било друго. И вечерва по првите инциденти, се разбира, по меѓусебните расправии и по расправиите со опозициските активисти кои беа таму, тие го напуштија собирот и рекоа дека ова веќе не е наше, кога сфатија дека немаат контрола врз соброт“
посочи Вучиќ.

Вучиќ ги оцени за лажни обвинувањата дека бил употребен звучен топ од страна на полицијата кон демострантите
„Ниту пендрек не беше употребен денес. Полицијата истрпи се“,
кажа тој во обраќањето.
Српскиот претседател порача дека тој генерално е задоволен што протестите иако биле со огромна негативна енергија, гнев и бес кон властите, немало настрадани.
„Србија победи, успеавме да го зачуваме мирот и да се справиме со многу работи кои се криеја зад се.За мене е важно што успеавме да ја одбраниме Србија“,
рече Вучиќ.
Вучиќ рече и дека пораката од граѓаните е примена, со оглед на масовноста на протестот, но истовремено посочи и дека Србија не сака „шарена револуција“.
„Ние добро ја разбравме пораката и сите луѓе на власт мора да ја разберат пораката кога имаат толку многу луѓе кои ќе се соберат околу нив.И ќе треба да се промениме и ќе мора многу да научиме. Од друга страна, се надевам дека некои други ја разбраа пораката на мнозинската Србија – дека граѓаните на Србија не сакаат обоени револуции. Дека граѓаните на Србија не сакаат насилство. И дека граѓаните на Србија сакаат да ја сменат власта на избори“,
кажа српскиот претседател.