Претседателот на Србија ќе присуствува на големата воена парада што ќе се одржи на 3 септември по повод Денот на победата на која ќе присуствуваат 26 светски лидери
Српскиот претседател Александар Вучиќ пристигна во Пекинг каде што, на покана на кинескиот претседател Си Ѓинпинг, ќе присуствува на одбележувањето на 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

За време на посетата на Пекинг, Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Кина, како и со рускиот претседател Владимир Путин и други високи функционери и претставници на големи компании.
Претседателот на Србија ќе присуствува на големата воена парада што ќе се одржи на 3 септември по повод Денот на победата, односно формалното предавање на Јапонија во Втората светска војна.
Кинеската новинска агенција Синхуа објави дека на парадата ќе присуствуваат 26 странски лидери.
Претходната средба на Вучиќ и Си се одржа во мај во Москва, на парадата организирана од Русија по повод Денот на победата, на која ЕУ му предложи на Вучиќ да не оди.