Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска се вакцинираше против ковид-19. Tој ја прими кинеската вакцина на „Синофарм“.
„Ништо не почувствував, како да не сум примил вакцина“,
рече Вучиќ откако медицинската сестра ја аплицираше вакцината.
Вакцината ја прими во Рудна Глава, кај Мајданпек, во Здравствениот дом „Д-р Верољуб Цакиќ“.
Во Србија вчера пристигна нов контингент кинески вакцини од „Синофарм“. Контингентот од 500 000 дози беше пречекан на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од премиерката Ана Брнабиќ и кинескиот амбасадор Чен Бо. Претходно, пристигнаа уште околу 106 000 дози од вакцината на „Фајзер“. Во Србија се користат четири вакцини: „Фајзер“, „Спутник В“, „Астра Зенека“ и „Синофарм“.
