„Што се однесува до Советот на Европа, најсмешно е кога имате нивни објаснувања дека тоа е нормален процес и дека тоа некаде некогаш е запишано како такво. Па, таму некаде пишува и дека Заедницата на српските општини требало да се формира пред 11 години. Сите европски лидери и Шолц, и Макрон, и Мелони ми рекоа дека не треба ништо да правиме додека не се формира ЗСО, па сега заборавија на тоа“, вели српскиот претседател
Постои шанса, благодарение на француското застапување, да се разгледа одложувањето на членството на Косово во Советот на Европа. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ посочувајќи дека Србија ќе продолжи да се бори против приемот на Приштина во Советот на Европа, иако, како што додаде, се соочува со доминантните сили на Западот.

Според него, целиот процес нема да биде едноставен, а за таа цел испратиле многу документи и официјални писма на различни адреси, а најави и дека во иднина ќе продолжи истото да го прави.
Вучиќ откри дека му се јавуваат, како што рече, од многу страни, за да го убедат да направи некаков компромис, но вели дека по ова прашање не постои можност да се направи каков било компромис.
„Што се однесува до Советот на Европа, најсмешно е кога имате нивни објаснувања дека тоа е нормален процес и дека тоа некаде некогаш е запишано како такво. Па, таму некаде пишува и дека Заедницата на српските општини требало да се формира пред 11 години. Сите европски лидери и Шолц, и Макрон, и Мелони ми рекоа дека не треба ништо да правиме додека не се формира ЗСО, па сега заборавија на тоа“,
рече Вучиќ.
Тој изрази уверување дека постои шанса, благодарение на француското застапување, да се разгледа одложувањето на членството на Косово во Советот на Европа.
Вучиќ рече дека гласањето во Парламентарното собрание на Советот на Европа за прием на Косово ќе помине утре и додаде дека главната битка за Србија е на 16 мај.
„Утре ќе помине, а главната битка ни е на 16 мај, па ќе видиме дали ќе има промени“,
вели српскиот претседател.
Според него, Приштина сега смислила, како што рече, нов трик, а тоа е на 10 мај да го достават предлог-статутот на Заедницата на српските општини на уставна проверка за да можат оние што не се сигурни во гласањето, да им најдат причина да гласаат „за“. На тој начин, како што вели Вучиќ, ќе кажат дека го започнале процесот.
Српскиот министер за надворешни работи во техничкиот мандат Ивица Дачиќ, кој е на чело на српската влада по изборот на Ана Брнабиќ за претседател на парламентот, пред една недела за РТС изјавил дека ќе биде именуван тим кој, како што рече, ќе се бори против приемот на Приштина во Советот на Европа.
Според Дачиќ, членките на Советот на Европа се држави и вели дека ова ќе биде првпат субјект кој не е држава да биде примен во членство.
Потсети на трите услови за прием на Приштина, за кои разговарала и Дора Бакојани, известувачот за прием на Приштина во Советот на Европа, како запишувањето на земјиштето на манастирот „Високи Дечани“ во катастарот, прекинот на експропријацијата на српски јазик, општините и формирањето на Заедницата на српските општини.
Минатиот месец Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа дале позитивно мислење за барањето на Косово да стане членка на оваа организација.
