Фон дер Лајен ја продолжува турнејата по Западен Балкан со посета на Приштина, каде што треба да се сретне со премиерот Албин Курти, а потоа ќе отпатува за Црна Гора
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, утрово на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ ја испрати претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и ѝ се заблагодари за помошта, поддршката и разбирањето што секогаш го покажувале кон Србија.

„Почитувана Фон дер Лајен, очекувам дека со вас на чело на Европската комисија, нашето партнерство со ЕУ ќе биде посилно, поблиско и пообемно“,
објави Вучиќ на Инстаграм.
Според него, Србија е почестена со нејзината посета и при следната посета Белград ќе има уште повеќе резултати со кои ќе се гордее.
Урсула фон дер Лајен престојуваше во дводневна посета на Србија, како дел од балканската турнеја каде, меѓу другото, разговараше за напредокот на партнерите од Западен Балкан на патот кон ЕУ, како и за Планот за раст на ЕУ од шест милијарди евра.
Фон дер Лајен ја продолжува турнејата по Западен Балкан со посета на Приштина, каде што треба да се сретне со премиерот Албин Курти, а потоа ќе отпатува за Црна Гора.
