„Сакам да им порачам на граѓаните дека одговорноста не може да се избегне. Некогаш носиш политичка одговорност и кога си целосно невин, и кога ти се случува случајно. Но, мора да има одговорност, оти 15 луѓе не загинаа по своја вина, туку зашто некој не си ја завршил работата како што треба“, рече српскиот претседател
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва рече дека уште утре очекува нови оставки во врска со несреќата во Нови Сад, кога при пад на бетонска натстрешница на Железничката станица загинаа 15 лица.

„Утре очекувам нови оставки во владата и на други места. Сигурен сум дека надлежното обвинителство во најбрз рок ќе преземе мерки“,
рече тој.
Изрази сочувство до семејствата на жртвите и рече дека колку и да звучи несоодветно, државата ќе им помогне максимално.
„Сакам да им порачам на граѓаните дека одговорноста не може да се избегне. Некогаш носиш политичка одговорност и кога си целосно невин, и кога ти се случува случајно. Но, мора да има одговорност, оти 15 луѓе не загинаа по своја вина, туку зашто некој не си ја завршил работата како што треба“,
вели Вучиќ.
Посочи дека се соочиле со трагедија што никој не ја очекувал. Поради тоа, во Нови Сад ќе се направат посебни засилувања на стадионот, бидејќи никој нема да сака да потпише ништо без дополнително осигурување.
Продолжуваат напорите за спасување на животите на преостанатите двајца пациенти кои се сместени во Клиничкиот центар од 1 ноември, кога врз дваесетина луѓе се урна натстрешницата на влезот на Железничката станица во Нови Сад.
Сега црниот биланс е 15 загинати во несреќата, меѓу нив и македонскиот државјанин Васко Саздовски. Сè уште се утврдуваат причините за падот.
Во Србија изминатиот период се одржуваат нови протести, на кои се бараше одговорност од надлежните. Досега оставка даде само министерот за градежништво Горан Весиќ.