„Според нашата проценка, се очекува насилството да почне меѓу 20:45 и 21:45 часот. Но, ние сме подготвени“, вели спрскиот претседател
Српскиот претседател Александар Вучиќ очекува на вечерашниот протест под слоганот „Се гледаме на Видовден“ во организација на студентите во блокада во центарот на Белград да има обиди за насилство , но истовремено најави и дека државата е подготвена да одговори на таквите инциденти.
Оваа изјава тој ја даде по денешната церемонија за доделување на награди по повод српскиот празник Видовден.

„Ќе има насилство. Не можат да се извлечат од тоа. Според нашата проценка, се очекува насилството да почне меѓу 20:45 и 21:45 часот. Ние сме подготвени. Кој ќе ги слуша Бодирога, Кокановиќ, Перишиќ? Тоа се бесмислени говори. Тие не се во можност да кажат пет реченици за себе, а камоли нешто повеќе“,
кажа тој.
Коментирајќи ги најавите на студентите дека доколку нивните барањата не бидат исполнети до Видовден, оти ќе ги преземат сите постојни мерки на граѓанска непослушност, Вучиќ рече дека претставниците на полицијата ќе бидат воздржани и трпеливи, но дека организаторите на овие собири нема да бидат задоволни од резултатот на вечерашниот протест.
„Ги молам да не прават ништо, за да останат задоволни и да живеат во просперитетна земја, а не во земја создадена од блокади на опозицијата, масовни отпуштања, еднострано прогласување на независноста на Косово и социјални поделби. Нема да се враќаме во минатото“,
вели Вучиќ.
Првото барање на студентите во блокада е актуелната влада да распише вонредни парламентарни избори до Видовден, 28 јуни. Второто барање е да се прекине митингот во Пионирскиот парк во центарот на Белград, каде што студенти кампуваат во последните три месеци, барајќи продолжување на универзитетската година.
Претходно, Вучиќ изјави дека нема да ги исполни барањата на студентите во блокадата.
Најавувајќи ги протестите, тие рекоа дека не се одговорни за однесувањето на граѓаните по 21 часот, до кога дадоа рок за исполнување на нивните барања.
Протестот на студентите во блокада „Сее гледаме на Видовден“ треба да почне во 18 часот на плоштадот „Славија“ во Белград, а се очекува да трае до 21 часот.