Не се лутете што ќе го кажам ова, најубаво е да имате деца – ако можете, порача Вучиќ
Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на ТВ Пинк, кажа дека во однос на 2021 година, Србија е единствена земја во целиот поширок регион која имала ист или поголем број живородени деца и дека тоа е добра вест.
„62 700 новородени деца лани, 0,8 отсто повеќе од претходната, во 2021 година. Ние сме единствени во целиот поширок регион со ваква статистика“,
нагласи Вучиќ.

Вучиќ смета дека тоа се должи на мерките, како што се финансиската помош на семејствата, но додаде дека, според него, придонес има и враќањето на луѓето во Србија, како и намален број на тие што заминуваат.
Тој најави системски мерки за петто и шесто дете. Воедно, забележа дека прирастот е најмал во Белград, што според него е тренд и во други градови низ светот.
„Таму кадешто луѓето најдобро живеат, најмалку се заинтересирани. Така е во сите градови во светот. Не се лутете што ќе го кажам ова, најубаво е да имате деца – ако можете“,
рече Вучиќ.