Претходно, дел од опозицијата писмено побара од шефот на државата да распише вонредни парламентарни и белградски избори до крајот на годинава, а Вучиќ одговори дека изборите „не се фонтана на желби“ и дека може да се одржат во пролет следната година

Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва изјави дека ќе распише избори за 17 декември оваа година.
Тоa, како што најави, мора да го направи најдоцна до 2 ноември.
„Ги слушнавме сите нивни барања“,
рече Вучиќ, алудирајќи на писмото што претходно го испрати опозицијата.
Вучиќ додаде дека ќе има белградски, парламентарни и војводински избори.
„Изборите се важни за граѓаните кога има лажен впечаток за криза на легитимитетот“,
додаде претседателот на Србија.
Зборувајќи за коалицирање со една од опозициските партии, Вучиќ рече дека тоа не е можно.
„Нема да коалицираме со опозицијата, морален сум, не можам да работам со нив“,
рече тој.
Српскиот претседател и на крајот на септември најави дека е можно изборите да се одржат на 17 декември, велејќи дека е подготвен за нив.
На 11 септември, претставниците на опозицијата, кои ги организираат протестите „Србија против насилството“, поднесоа барање со кое се бара од Вучиќ да распише вонредни парламентарни и избори во Белград до крајот на 2023 година.
Претходно, дел од опозицијата писмено побара од шефот на државата да распише вонредни парламентарни и белградски избори до крајот на годинава, а Вучиќ одговори дека изборите „не се фонтана на желби“ и дека може да се одржат во пролет следната година.