Пореално, според српскиот претседател, е изборите да се одржат кој крајот на 2026 година, во ноември или декември. Додаде дека надлежните инситуции навреме ќе одлучат дали изборите ќе бидат двојни – парламентарни и претседателски
Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека во Србија ќе се одржат предвремени избори во мај или декември следната година.

Пореално, според него, е изборите да се одржат кој крајот на 2026 година, во ноември или декември. Додаде дека надлежните инситуции навреме ќе одлучат дали изборите ќе бидат двојни – парламентарни и претседателски.
„Моите противници ја чекаат оваа одлука и се молат на Бога да не ја донесам наскоро“,
рече Вучиќ.
По падот на натстрешницата на Железничката станица во Нови Сад на 1 ноември минатата година, кога загинаа 16 луѓе, во Србија се развија масовни студентски движења кои на протестите, меѓу другото, бараа Вучиќ да распише предвремени парламентарни избори.
