Според него, ова има ефект и на односите во регион, а одговорот на Србија, рече, мора да биде паметен и смирен со цел да се сочува стабилноста
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за утре најави средба на Советот за национална безбедност откако властите во Косово решија да аплицираат за зачленување во Советот на Европа (СЕ).
Вучиќ, јавува РТС, денеска изјави дека добил официјална потврда дека Приштина поднела барање за прием во СЕ и оцени дека со тоа Приштина срушила уште еден договор кој бил потпишан, односно договорот од Вашингтон.
„Менторите на Приштина се многу јаки, оваа игра ја играат клучни западни земји, а ние сме мала слободарска земја која го чува својот суверенитет и право на одлучување“,
изјави Вучиќ.
Според него, ова има ефект и на односите во регион, а одговорот на Србија, рече, мора да биде паметен и смирен со цел да се сочува стабилноста.
Тој уште еднаш нагласи дека Западот ќе направи се за Србија да го признае Косово, исто како и минатата недела кога во вонредно обраќање порача дека притисокот врз неговата земја ќе биде се поголем.
Во минатонеделното обраќање Вучиќ рече дека бидејќи рускиот претседател направил паралела на Косово со Донецк и Луганск, Србија ќе биде под голем притисок за да ја признае независноста на Косово со цел Русија да не може да го користи тоа како аргумент.