Претходниот премиер поднесе оставка во јануари, но парламентот му ја констатира на 19 март, со што падна целата српска влада
Една од потесните специјалности на Мацут се полицистичните јајници и нивната улога на плодноста и метаболизмот, јави Н1
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва предложи мандатар за новата српска влада. Изборот е Ѓуро Мацут, лекар ендокринолог. Дипломирал, магистрирал и докторирал во Белград, каде што е и професор.

Според Н1, најтесните специјалности на Мацут се:
- репродуктивна ендокринологија: особено полицистични јајници и нивната улога на плодноста и метаболизмот;
- неуроендокринолоија: проучување на неуроендокрини тумори и нивни клинички манифестации и
- метаболички болести: дијабетес и ендокрини основи за метаболитичките нарушувања.
Мацут е еден од најдобрите српски ендокринолози, пишуваат медиумите во Србија, но дел потсетуваат и на страната која ја зафати на тамошните студентски протести. Тој се појави и држеше предавања меѓу „студентите што сакаат да учат“, односно кај групите што почнаа контрапротести по оригиналните студентски протести.
А, потребата за нов мандатар во Србија доаѓа откако претходниот премиер, Милош Вучевиќ, си поднесе оставка од функцијата на крајот на јануари. Парламентот ја констатира неговата оставка на 19 март, со што падна и владата.
Рокот за избор на нова влада е 18 април.
Претседателот Вучиќ изјави дека очекува владата да биде избрана и пред тоа и дека ќе ѝ претстојат тешки задачи.
„Ќе биде голема задача новата влада да продолжи да ги чува мирот, стабилноста, да се однесува толерантно и трпеливо“,
рече Вучиќ, пренесе МИА.