Глишиќ и српскиот претседател Александар Вучиќ важат за блиски соработници, но и за пријатели. Тие имаат и семејни релации – Вучиќ му е кум на Глишиќ
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, го посетил во болница министерот за јавни инвестиции Дарко Глишиќ, кој вчера доживеа мозочен удар среде гостување во емисија во живо.
„Дојдов во Клиничкиот центар на Србија и го посетив Дарко Глишиќ и за сите наши луѓе сакам да кажам една прекрасна вест. Дарко е подобро, разговарав со него. Тој сè уште се мачи малку, но не можам да ја опишам мојата и неговата радост. Србија не можат да ја победат. Нема предавање, да живее Србија“,
кажа Вучиќ во видео објавено на Инстаграм.
Глишиќ и српскиот претседател Александар Вучиќ важат за блиски соработници, но и за пријатели. Тие имаат и семејни релации – Вучиќ му е кум на Глишиќ.
Претходно, српскиот министер за здравство Златибор Лончар изјави дека Глишиќ доживеал мозочен удар за време на гостувањето на ТВ Пинк, и додаде дека му е извршена комплицирана и сложена процедура поради неговата сериозна здравствена состојба.