Според аналитичарите се очекува по денешниот разговор да се знае какви се односите меѓу двете земји
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска телефонски треба да разговара со претседателот на Русија Владимир Путин. Како што објавуват српските медиуми разговорот ќе биде за новиот договор за гас, за односите меѓу двете земји и за ситуацијата во Украина.
Вучиќ претходно изјави дека верува оти Србија „ќе добие фер цена за гасот од своите руски партнери“.
„Се надевам дека разговорот ќе биде добар и коректен“,
рече Вучиќ.
Според аналитичарите се очекува по денешниот разговор да се знае какви се односите меѓу двете земји.
Вучиќ во повеќе наврати изјави дека Србија се наоѓа под голем притисок за да воведе санкции спрема Русија.
Како што рече Вучиќ, разговорот со Путин е закажан за 11 часот.