Министерството за внатрешни работи (МВР) го истражува сомнежот за саботажа во РЕК „Битола“. Се очекува информација од спроведената истрага
Вториот блок на РЕК „Битола“ попладнево од 18:18 часот повторно е вклучен во државната електродистрибутивна мрежа. Ова го соопшти Секторот за односи со јавноста на комбинатот.

Од РЕК „Битола“ информираат дека по неколкудневни напори за санација на ормарот за електроуправување на Блок 2, кој беше опожарен на 18 јуни, попладнево е пуштен во употреба и е синхронизиран на електродистрибутивната мрежа.
Министерството за внатрешни работи (МВР) го истражува сомнежот за саботажа во РЕК „Битола“. Се очекува информација од спроведената истрага.
РЕК „Битола“ веќе неколку дена е во колапс поради криминалните зделки и тендери на ВМРО-ДПМНЕ, обвини потпретседателот на опозицискиот Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ).
Од АД „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) во реакција на овие обвинувања велат оти немало хаварија, туку дека е извесно оти се случила саботажа.