Изборниот ден засега поминува мирно и без проблеми
Гласањето во вториот круг за избор на градоначалник на Дебар се одвива непречено на сите 27 гласачки места во Општината, при што до 9 часот гласале 2,5 проценти од запишаните избирачи, пренесува МИА.
Споредно со првиот круг, излезноста до 9 часот е поголема за 0,75 процентни поени.
„До 9 часот правото на глас го остварија 480 граѓани, што е 2,5 отсто од вкупно запишаните 19 211. Во првиот круг до 9 часот правото на глас го искористија 342 гласачи или 1,75 отсто“,
информира потпретседателка на Општинската изборна комисија – Дебар, Јованка Јосифовска.
Таа додава дека изборниот ден досега минува без проблеми.