Како денешен главен говорник на форумот, премиерот Димитар Ковачевски ќе ја отвори сесијата на тема „65 години по Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“, а на панел-сесијата предвидено е учество и на премиерите на Србија, Ана Брнабиќ, Мајлинда Брегу, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот институт во Рим

Денеска во Охрид продолжува дводневната меѓународна конференција Преспа форум за дијалог, кој започна вчера, а е во организација на Министерството за надворешни работи и оваа година го носи името „Градењето на иднината на западниот Балкан во современата безбедносна архитектура“.
Како денешен главен говорник на форумот, премиерот Димитар Ковачевски ќе ја отвори сесијата на тема „65 години по Римскиот договор: Дали Европа е целосно економски реконструирана и интегрирана?“, која е предвидено да започне во 9:30 часот.
На панел-сесијата предвидено е учество и на премиерите на Србија Ана Брнабиќ, Мајлинда Брегу, генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка, Матео Бономи експерт за економија од Меѓународниот институт во Рим.
Предвидено е Ковачевски да има и билатерални средби со заменик-помошникот на државниот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, со генералната потсекретарка на ОН за политички прашања и мировни операции, Розмари Ди Карло, со министерот за надворешни работи на Република Полска и актуелен претседавач со ОБСЕ, Збигњев Рау, со секретарот за односи со државите на Светата Столица (Ватикан), Пол Ричард Галагер и со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу.
На сесијата, пак, насловена „’Западен Балкан’ – менаџирање во турбулентни времиња“ ќе ја отвори вицепремиерот Бојан Маричиќ, а меѓу говорниците ќе бидат специјалните пратеници за Западен Балкан на САД заменик помошникот државен секретар Габриел Ескобар, на Велика Британија Стјуард Пич и на Германија Маниуел Сарацин и на Австрија Јоханес Ајгнер.