Полицијата се сомнева дека станува збор за рачна граната, а мотивот за нападот засега е непознат
Експлозивна направа била фрлена ноќеска врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во Белград, при што е предизвикана материјална штета.

Според првичните информации, пејачот, неговата сопруга и ќерката биле во куќата во моментот на детонацијата, но не се повредени.
Полицијата се сомнева дека станува збор за рачна граната, а мотивот за нападот засега е непознат.
Дежурниот јавен обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград излезе на местото на настанот, каде што, заедно со полицијата, се утврдуваат сите околности на тој напад.
Според првите, неофицијални информации од теренот, како што пренесува „Телеграф.рс“, интензивно се истражува можноста напаѓачот да го згрешил двор. Со оглед на тоа што славниот пејач со децении ужива статус на човек без ниту една дамка или конфликт, истражителите се сомневаат дека целта всушност бил еден од соседите од околните вили. Полицијата ќе го испрашува за да види дали можеби добивал закани, пренесува српскиот портал.
„Во моментов се испитуваат движењата на напаѓачот и податоците од базните станици на мобилните телефони. Постојат индикации дека целта бил објект во близина и дека бомбата била фрлена врз имотот на Чола по грешка во темница“,
изјавил извор близок до истрагата.
