Генералниот секретар на партијата најави дека Заев ќе излезе пред 26. конгрес со листа од 120 кандидати за членови на ЦО, откако вечерва завршиле изборните конференции во сите општински организации
Општинските организации на СДСМ вечерва ги завршиле изборни конференции, каде што ги предлагаат кандидатите за членови на Централниот одбор, чиј состав ќе се избира на конгресот на владејачката партија на 16 мај.
Генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, во вечерашното гостување на ТВ21, објасни дека на 16 мај партискиот лидер Зоран Заев, пред конгресот, ќе излезе со листа од 120 кандидати за членови на ЦО, кои, како што рече, се репрезент на новите политики на партијата.
Околу најавата на Радмила Шекеринска дека нема да биде повторно кандидатка за заменик-претседател на СДСМ, Николовски рече дека таа во два мандати ја извршуваше оваа позиција со стриктно регулирани надлежности во делот на меѓународните политики и грижа за угледот, интегритетот и развојт на политиките на пратијата. Тој оцени дека Шекеринска значајно придонела во целокупниот тој период и во едно значајно време и, како што рече, лична е одлуката да не се кандидира или да соопшти дека нема да биде кандидат за заменик претстедател на партијата.
Во ова период, СДСМ има само претседател со полн мандат, затоа што Заев беше избран на непосредни избори минатиот месец, додека сите други органи на некој начин се во оставка“
рече Николовски.
Во врска со претстојните локални избори, Николовски потенцираше дека по конгресот на 16 мај ќе биде отворена постапката, при што, како што рече, ќе се исфилтрираат најдобрите кандидати.
„Ќе имаме анкети за секоја општина, но дигиталниот систем што моментално го имаме во партијата овозможува да го анкетираме членството и тоа ќе го примениме и за изборот на градоначалници. Да го анкетираме целокупното членство да каже кој е најдобриот кандидат за нив и верувам дека ќе ни успее интенцијата за отворени листи за навистина да ги обдереме најквалитетните луѓе“,
порача Николовски.