Германскиот вирусолог Кристијан Дростен смета дека причината поради која секаде низ светот се доцни со вакцинацијата за ковид-19 е неадекватната процедура за нивна набавка.
„Тоа е толку сложен процес. Вакцината требаше да се порачува со месеци однапред, иако никој не знаеше дали таа ќе биде ефикасна“,
вели Дростен за Берлинер Моргенпост.
Затоа, тој инсистира ЕУ што побрзо да ја одобри вакцината на Астразенека, која веќе се употребува во Велика Британија.
„Таа може да се користи во нормални услови и не бара специјални процедури за транспорт и чување на ниски температури. Тоа ќе ја олесни и забрза вакцинацијата“,
смета Дростен.
Според него, во наредните шест месеци е најважно да се стават под контрола ширењето на вирусот и паралелно да се одвива вакцинацијата.
За главниот вирусолог на најголемата европска универзитетска болница „Шарите“ во Берлин, не смее да се дозволи ситуацијата во која откако голем дел од ризичните групи ќе бидат вакцинирани би се намалиле ограничувањата.
„Тоа би била погрешна проценка. Бидејќи се уште ќе има многумина кои ќе ја шират заразата. Тоа не смееме да го дозволиме“,
вели Дростен.