Врховниот суд на САД, кој брои девет члена, гласајќи шест спрема три одучи дека законот од 1977, наменет за решавање на национални вонредни состојби, не дава правно оправдување за воведување царини од страна на админстрацијата на Трамп врз земји од целиот свет. Ова е прва пресуда на највисокиот суд на САД со која се поништува негова политичка одлука донесена во вториот мандат
Врховниот суд на Соединетите Американски Држави денеска донесе одлука со која поништи голем дел од царините што ги воведе админстрацијата на претседателот Донлад Трамп, повикувајќи се закон наменет за вонредни ситуации, објавија светските медиуми.

Со одлуката американскиот Врховен суд отфрли еден од најконтровезните потези на Трамп во практикувањето на неговата претседателска моќ, што се закануваше да предзвика далекусежни последици по глобалната економија.
Врховниот суд на САД, кој брои девет члена, гласајќи шест спрема три одучи дека законот од 1977, наменет за решавање на национални вонредни состојби, не дава правно оправдување за воведување царини од страна на админстрацијата на Трамп врз земји од целиот свет. Ова е прва пресуда на највисокиот суд на САД со која се поништува негова политичка одлука донесена во вториот мандат.
Дел од медиумите пренесоа дека Трамп наводно ја нарекол пресудата срамна за време на настан во Белата куќа.
Трамп, како што пишува „Гардијан“, царините ги користеше за агресивно преобликување на трговската политика на САД, отфрлајќи трговски договори кои беа во сила со децинии, собирајќи на тој начин десетици милијарди американски долари од компании што увезуваат стоки од странство.
Тарифите, како што наведуваат медиумите, обично треба да бидат одобрени од Конгресот, кој има единствено овластување според Уставот на земјата да наплаќа даноци. Трамп тврдеше дека имал право да наметнува тарифи на трговските партнери според Законот за меѓународни економски овластувања во вонредни состојби, или ИЕЕПА (IEEPA), кој во некои околности му дава на претседателот овластување да регулира или забранува меѓународни трансакции за време на национална вонредна состојба.
Но, според мнозинското мислење, судот смета дека можноста за донесување тарифи во мирно време всушност му припаѓа на Конгресот.
Судот ги цитираше создавачите на уставот, кои, како што се наведува во пресудата „ја препознаа единствената важност на оваа даночна моќ која многу јасно ја вклучува и моќта за наметнување тарифи“.
„Составувачите (на Уставот на САД) не ѝ доделија никаков дел од даночната моќ на извршната власт“,
се наведува во одлуката напишана од претседателот на судот, Џон Робертс.
Судот, исто така, го цитираше она што е познато како „доктрина за главни прашања“, принцип според кој извршната власт не може да се потпира на двосмислен јазик во законите донесени од Конгресот за да го оправда последователното законодавство.
„Кога Конгресот ги делегирал своите царински овластувања, тоа го правел експлицитно и под строги ограничувања… Претседателот мора да посочи на јасно одобрение од Конгресот за да го оправда вонредното користење на царинските овластувања. Тој не може да го стори тоа“,
напиша судијата Робертс.
Судот, исто така, истакнал дека Белата куќа признала оти претседателот „нема вродено овластување да наметнува царини во мирно време“, поради што го користел ИЕЕПА за да ги усвои своите царини.
За укинување на царините гласал либералниот блок на судот – судиите Соња Сотомајор, Елена Каган и Кетањи Браун Џексон. Ним им се придружиле и главниот судија Џон Робертс, заедно со Нил Горсач и Ејми Кони Барет, и двајцата назначени од Трамп за време на неговиот прв мандат.
Во одвоено мислење, судијата Брет Кавано тврдел дека мислењето на судот „веројатно нема значително да го ограничи претседателското царинско овластување во иднина“, бидејќи судот во суштина пресуди дека Трамп само „се повикал на погрешна законска одреба, односно се потпрел на ИЕЕПА“ наместо на други закони за да ги воведе царините.
„Повратните средства од милијарди долари би имале значајни последици за Министерството за финансии на САД. Судот денес не кажува ништо за тоа дали, и ако е така, како, владата треба да се справи со враќањето на милијардите долари што ги собрала од увозниците. Тој процес веројатно напарави хаос, како што беше признато за време на усната расправа“,
напишал Кавано.
Иако претседателот тврдеше дека царините ќе ги наполнат американските федерални каси, ќе ги ревитализираат индустриските центри на земјата и ќе ја направат светската економија „пофер“ кон САД, економистите постојано предупредуваат дека ризикуваат дополнително да ги зголемат цените за Американците по години зголемена инфлација.

Лидерот на димократите во Сенетот, кои се малцинство, Чак Шумер, во објава на социјалната платформа Икс, ја нарече одлуката на Врховниот суд победа за паричниците на секој американски потрошувач.
„Нелегалниот царински данок на Трамп само што се распадна. Тој се обиде да владее со декрет и ги заглави семејствата со законот. Доста е хаос. Завршете ја трговската војна“,
наведе Шумер.
Во меѓувреме главните трговски партнери на САД реагираат претпазливо на веста за поништувањето на тарифите.
„Иако оваа одлука дава јасност на извршните овластувања на претседателот за зголемување на тарифите, таа малку ги разбиструва матните води на бизинисто. Различни закони се користени за други американски тарифи, како што се оние за челик и алуминиум, а претседателот има и други опции на располагање за да го задржи својот сегашен режим. За Велика Британија, приоритет останува намалувањето на тарифите секаде каде што е можно“,
вели Вилијам Бејн, раководител на одделот за трговска политика во Британската стопанска комора.
Претседателката на Мексико, Клаудија Шајнбаум, изјави дека нејзината администрација ја преиспитува одлуката.
„Не само што сме најголем извозник во Соединетите Американски Држави, туку сме и најголем купувач на американски производи. Тоа покажува дека и покрај одредена политика на поголем протекционизам, многу е важно двете земји да го одржат трговскиот договор“,
изјавила Шајнбаум.
