Следните денови времето ќе биде стабилно, но ветровито и со температури од просекот за овој период од годината
Утринската температура на повеќе места низ земјава ќе биде под нулата, а дневната во постепен пораст, информираат за денешната временска прогноза од Управата за хидромеоролошки работи (УХМР).

„Во текот на денот ќе дува засилен ветер, со брзина од над 70 километри на час, а наместа ќе има услови за провејување на слаб снег“,
прогнозираат синоптичарите.
Следните денови времето ќе биде стабилно, но ветровито и со температури од просекот за овој период од годината.
Утринските темпратури ќе бидат негативни, и ќе одат и до – 4 степени. Максималната дневна ќе достигне од 3 до 10 степени.
И во главниот град ќе биде ветровито. Минималната ќе се спушти до 0 степени, а максималната ќе достигне до 8 степени.