Во текот на утрешниот ден во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови од земјата ќе врне повремен дожд и снег
Утрото ќе биде студено, а преку ден умерено до значително облачно, информираат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР).
Во западните и источните планински региони, попладне и кон крајот на денот ќе има повремени врнежи од снег.
„Минималната температура ќе биде од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 3 до 8 степени“,
прогнозираат синоптичарите.
Во Скопје утрото ќе иде студено, а во текот на денот променливо облачно со кратки сончеви периоди.
„Минималната температура ќе се спушти до -5, а максималната ќе достигне до 8 степени“,
велат од УХМР.
Во текот на утрешниот ден во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови од земјата ќе врне повремен дожд и снег.
Следните два дена, времето ќе биде стабилно и суво. Врнежи од дожд, а на планините од снег се очекуваат во недела.
Како што информира УХМР, утре претежно во планинските региони ќе има повремен локален снег, а на повисоките места во западните и северните делови повремен дожд и снег. Во следните два дена, времето ќе биде стабилно и суво, а локални врнежи од дожд, а на планините од снег повторно се очекуваат во недела. дма/бак/