За утре се најавува променливо облачно време со умерен, наместа засилен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе биде од 8 до 15 степени

Променливо облачно и студено време со умерен до засилен северен ветер е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе има повремени врнежи од дожд, а на некои од повисоките места од дожд и снег. На планините ќе врне повремен снег. Утринската температура ќе биде од минус три до седум Целзиусови степени, а дневната од нула до 11 степени.
И во Скопје денеска ќе има облачно и студено време со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Во текот на денот ќе дува засилен ветер од северен правец. Температурата ќе биде од три степени наутро до седум во текот на денот.
За утре се најавува променливо облачно време со умерен, наместа засилен ветер претежно од северен правец. Температурата ќе биде од 8 до 15 степени.
Според УХМР, под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 литри на квадратен метар дожд. На планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка.