Во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер, а температурата во текот на денот ќе биде до 19 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Утринската температура ќе биде од -4 до 4, а дневната од 15 до 23 Целзиусови степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб северен ветер, а температурата во текот на денот ќе биде до 19 Целзиусови степени.
Утре, според УХМР, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност, а ќе дува и слаб ветер од југоисточен правец. Температурата утре во текот на денот ќе биде до 20 Целзиусови степени.