За утре се најавува слично време на денешното – сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец

Сончево со мала до умерена облачност е денешната прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Утринската температура ќе биде од 8 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 25 до 34 степени.
И во Скопје времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец. Температурата ќе се движи од 15 степени наутро до 34 во текот на денот.
За утре се најавува слично време на денешното – сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северoзападен правец.
Температурата ќе биде од 30 до 37 степени.
Во среда времето ќе биде променливо облачно, на некои места нестабилно со локален дожд и грмежи. Изолирана појава на нестабилност ќе има и во четврток.