За утре се најавуваа сончево време со мала до умерена облачност и со температура до 15 степени

Сончево време со мала до умерена облачност се прогнозира за денешниот ден. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека во утринските часови на некои места ќе има појава на магла и зголемена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Утринската температура ќе биде од минус седум до нула Целзиусови степени, а дневната ќе се движи во интервал од девет до 15 степени.
Во Скопје, во претпладневните часови во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб северозападен ветер. Температурата ќе се искачи до 11 степени.
За утре синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена облачност. Во утринските часови на некои места ќе има појава на магла и зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а во текот на денот времето ќе биде сончево и претежно тивко со мала до умерена облачност. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 15 степени.
