Според УХМР, од денеска следува период на стабилно време со пораст на дневните температури
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од -6 до 2 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 8 до 16 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и умерено облачно со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални -2 до максимални 11 степени.
Според УХМР, од денеска следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Кон крајот на денот во вторник едиствено се очекуваат услови за повремен локален дожд во североисточните делови на земјата.
