Според УХМР, утре времето ќе биде слично на денешното – сончево со мала до умерена локална облачност и со температура до 25 степени

Сончево време со мала до умерена локална облачност е прогнозата за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Утринската температура ќе биде од минус два до шест Целзиусови степени, а дневната од 11 до 23 степени.
Според УХМР, утре времето ќе биде слично на денешното – сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северен правец.
Максималната температура утре ќе биде од 16 до 25 степени.
Сончевото време, велат од УХМР, ќе продолжи и во следните денови, а во недела ќе има пораст на дневната температура, која ќе се искачи до 28 степени.
