Во недела и понеделник се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер. Температурата ќе се искачи до 35 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде од 8 до 18 Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 25 до 36 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе биде од 16 степени наутро, до 35 во текот на денот.
За утре синоптичарите најавуваат сончево време со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер кој на некои места вдолж Повардарието ќе биде повремено засилен и од северен правец.
Температурата утре ќе се движи од од 28 до 36 степени.
Во недела и понеделник се очекува променливо облачно време со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер. Температурата ќе се искачи до 35 степени.