И следните два дена времето ќе биде нестабилно. Стабилизирање се очекува од среда
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, а попладне ќе има изолиран развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 17 степени, а максималната од 27 до 36 степени.
И во Скопје ќе биде сончево со мала умерена облачност. Максималните температури ќе се движат до 36 степени.
Според прогнозата на синоптичаритее, од утре времето на повеќе места ќе биде нестабилно со услови за пороен дожд и грмежи. На некои места ќе биде во форма на невреме со засилен ветер и појава на град.
И во вторник времето ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Од среда се очекува стабилизирање на времето.