Како што информира УХМР, до петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а од пладневните часови ќе има развој на нестабилна облачност проследена со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во западните и јужните делови. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17 степени, а максималната ќе достигне од 25 до 31 степен, додека УВ индексот ќе биде 7.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне 30 степени.
Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
„Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд (за кратко време поголема количина воден талог), силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Дневната температура до ќе биде во опаѓање“,
информираат од УХМР.
И во Скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, повремено во форма на невреме.