Од четврток попладне на повеќе места се очекува изолирана појава на дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен дожд и грмежи.
„Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 16, а максиманлата ќе достигне од 27 до 34 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
И во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност.
„Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 34 степени“,
велат од УХМР.
До средина на неделата ќе се задржи сончево и топло време, а од четврток попладне на повеќе места се очекува изолирана појава на дожд и грмежи.