За утре се најавува претежно сончево време со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец

Наутро нестабилно со локален дожд, а во текот на денот сончево со мала облачност. Ова е прогнозата за денешниот ден од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Од УХМР велат дека во раните утрински и претпладневни часови во источните делови од земјата ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и услови за појава на ретки грмежи. Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен ветер од северен правец кој локално ќе достигне брзина од над 60 километри на час.
Утринската температура ќе биде од 10 до 19 Целзиусови степени, а дневната од 23 до 31 степен.
Во Скопје, времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во текот на денот облачноста ќе се намали, а ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен северен ветер. Температурата наутро ќе биде 16, а во текот на денот до 30 степени.
За утре се најавува претежно сончево време со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Температурата ќе се движиод 24 до 31 степен.