За утре се најавува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд кон крајот на денот

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот ќе дува слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе биде од минус четири до четири Целзиусови степени, а дневната ќе се движи од 6 до 15 степени.
Во Скопје, времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Температурата ќе се движи од минус еден степени наутро до 11 степени во текот на денот.
Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утре ќе има променливо облачно време. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Температурата утре во текот на денот ќе се движи од 6 до 13 Целзиусови степени.
