Според Управата за хидрометеоролошки работи, и утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, додека в среда се очекува зголемување на облачноста со услови за локални врнежи од дожд
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Утринската температура се движи во интервал од еден до осум Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Дневната температура во главниот град ќе се искачи до 18. Целзиусов степен.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, и утре ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, додека в среда се очекува зголемување на облачноста со услови за локални врнежи од дожд. Од четврток синоптичарите најавуваат пораст на дневната температура.