Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на оваа и почетокот на следната недела подрачјето на земјава ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок, поради што нè очекува сончево време со мала до умерена облачност, освен во сабота, кога се очекува зголемо наоблачување
Денеска времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, велат од Управата за хидрометеролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието повремено ќе биде засилен, особено во претпладневните часови.

Утринската температура ќе се движи во интервал од минус четири од пет Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од осум од 16 степени.
Во Скопје, според синоптичарите, се очекува слично време, сончево со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура во главниот град се движи околу нулата, а дневната ќе се искачи до 14-от степен на Целзиусовата скала.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до крајот на оваа и почетокот на следната недела подрачјето на земјава ќе се наоѓа во поле на висок воздушен притисок, поради што нè очекува сончево време со мала до умерена облачност, освен во сабота, кога се очекува зголемо наоблачување. Од утре по одделени котлини ќе има услови за појава на утринска магла.
