Во следните денови, информира УХМР, ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура, а во попладневните часови облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец, а во попладневните часови облачноста на места ќе се зголеми и ќе има услови за слаб локален дожд, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18 степени, максималната ќе достигне од 22 до 28 степени, а УВ индексот ќе изнесува 6.
„Во Скопје времто ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 13 степени, а максималната ќе достигне до 28 степени“,
информираат од УХМР.
Во следните денови ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со постепен пораст на дневната температура, а во попладневните часови облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за слаб локален дожд
