Според најавите од УХМР, утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд, а дневната температура ќе опадне за неколку степени

Времето денеска во претпладневните часови ќе биде со појава на магла по одделни котлини, а во текот на денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) велат дека ќе дува и слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 7 Целзиусови степени,а дневната ќе се движи од 16 до 23 степени.
Во Скопје, времето денеска претпладне ќе биде со појава на слаба маглa. Преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 6 до 21 степен.
За утре се прогнозира променливо облачно време, претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла.
Според најавите од УХМР, утре попладне, во текот на ноќта и во вторник ќе има повремени локални врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура ќе опадне за неколку степени. Од среда повторно се очекува стабилно и суво време.
