Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност со максимална температура до 9 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. По одделни котлини во утринските часови ќе има услови за појава на магла, инфорираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Минималните температури ќе се движат во интервал од минус 6 до 1 Целзиусов степен, а максималните од 6 до 13 Целзиусови степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност со максимална температура до 9 Целзиусови степени.
Во следните три дена од УХМР најавуваат променливо облачно време со слаби локални врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарјето умерен ветер од југоисточен правец.
