Според прогнозите на УХМР, од вторник до крајот на работната седмица следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец,се вели во прогнозата од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 19 до 28 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до осум, а максималните ќе достигнат до 26 степени.
Во понеделник ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во крајните југозападни делови каде во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб дожд и појава на ретки грмежи.
Според прогнозите на УХМР, од вторник до крајот на работната седмица следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Во понеделник и вторник ќе дува слаб ветер од јужен правец, а од среда ќе дува слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.
