Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 14 Целзиусови степени

По студеното утро, во текот на денот нè очекува релативно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Минималните температури ќе се движат во интервал од -7 до 3 Целзиусови степени, а максималните ќе достигнат од 3 до 14 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до повремено засилен ветар од северен правец. Температурата во Скопскиот регион денеска ќе се движи од -2 до 12 степени.
Слично време УХМР најавува и за утре.
