Во Скопје ќе имаме слично време со минимална температура која ќе достигне до 20 степени и максимална температура до 37 Целзиусови степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 29 до 37 Целзиусови степени.
Во Скопје ќе имаме слично време со минимална температура која ќе достигне до 20 степени и максимална температура до 37 Целзиусови степени.
Во текот на неделата се најавува сончево и топло време со мала до умерена облачност со постепен пораст на дневните температури.