Минималната температура денеска ќе биде во интервал од 1 до 10 степени, а максималната ќе се искачи од 17 до 23 степени
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност, а ќе дува умерен ветер, информира УХМР. Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 10 степени, а максималната ќе се искачи во интервалот од 17 до 23 степени.
Во Скопје минимална температура до 6 степени и максималната до 20 степени.
„Стабилното и суво време ќе се задржи и во следните денови“,
посочуваат од УХМР.
До сабота, дневната температура ќе биде пониска за неколку степени, а од недела повторно ќе биде во пораст. За време на викендот по котлините ќе има појава на магла.