Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 8 степени, а попладне ќе се искачи до 20 Целзиусови степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР.
Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 10, а максималните од 14 до 21 Целзиусов степен.
Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде 8 степени, а попладне ќе се искачи до 20 Целзиусови степени.
Како што најавуваат од УХМР, следните три дена во државава ќе се задржи сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од северен правец.